Како дел од проектот „Интеграција на зелен транспорт во градовите”, во тек се работни активности за поставување на фотонапонски панели на кровот на Спортската сала „Боро Чурлевски“ и поставување на станица за полнење на електрични возила.

Со целосното завршување на проектот, предвидено е да се дизајнира и примени енергетски ефикасен, регионален интелигентен транспортен систем – ИТС кој ќе овозможи и промоцијата на прекуграничната област, развој на туризмот и слично.

Со реализацијата на проектните активности, Општина Битола, набави и две електрични возила: едно комбе со 8+1 седиште и едно возило со 5 седишта како и соодветна комуникациска опрема со адекватен софтвер. Последната фаза од проектот вклучува пилот употреба и ставање во функција на комплетниот систем.

Проектот, кој е аплициран во 2016 година, се имплементира во рамките на првиот повик од ИПА Прекуграничната програма за соработка со Република Грција 2014 – 2020 со вкупен буџет за Општина Битола од 196.330.00 евра, се нагласува во соопштението на локалната самоуправа. М.М.