Со полагање на цвеќиња на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои, на споменикот на Методија Андонив Ченто и на Кузман Јосифоски Питу, во Прилеп, делегации од Владата, Парламентот, од АРМ, од општина Прилеп, Сојузот на борци, од политичките партии, се одбележа 81 година од почетокот на антифашистичкото востание на 11 Октомври 1941 година.


Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески посочи дека Прилеп е градот кој пред 81 година го означил почетокот на народното востание за конечно ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор.


– Празнувајќи денес, оддаваме почит на сите херои од нашата голема и богата македонска историја. Тие се оние кои што ги поставиле темелите врз кои опстојува денешната современа Република Македонија. Посебно во овие исклучително бурни времина за македонската држава мораме да останиме цврсти, одлучни и сплотени на браникот на татковината!


– 11 Октомври е ден за кој сите треба да сме горди на визијата, пожртвуваноста и храброста на хероите како и на нивната желба за слободна и независна држава.
Зборувајќи сега, сведоци сме на време во кое мораме да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија – рече градоначалникот Јовчески, на Могилата на непобедените, на местото каде почиваат над 600 борци кои ги загубија животите во време на НОБ.

Ка.М