ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ОДБОЈКА ЗА МАЖИ

  • Македонските одбојкари загубија и од Португалија, а вчера го играа последниот петти меч во групата Б на ЕП 2026, со Израел

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го загуби и четвртиот натпревар во групата Б, во Софија, на 34. Европско првенство (ЕП). Подобра од црвено-жолтите беше Португалија, која славеше со 3-0 во сетови (25-13, 25-20, 25-20), со што Македонија не успеа да се пласира во осминафиналето.
Македонија во групата фаза на ЕП вчера го играше последниот меч во групата Б, со Израел. По мечевите во вторникот од оваа група, понатаму се пласира Полска, која ќе биде прва на табелата, потоа Украина и Бугарија.
Од групата А засега понатаму сигурно одат Италија и Чешка, а отпадна Шведска. Од групата Ц сигурно се пласираа Финска и Белгија, а не успеа Холандија, што е изненадување. И од групата Д, во осминафиналето одат Франција, Германија и Романија, а не успеа Швајцарија. Осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат во Торино и во Софија. Г.И.


ГРУПА Б

Македонија – Португалија 0-3
Полска – Украина 3-0

ТАБЕЛА
Полска 4 4 0 12-0 12
Украина 5 4 1 12-5 12
Бугарија 4 3 1 10-4 9
Португалија 5 1 4 5-12 4
Израел 4 1 3 5-11 2
Македонија 4 0 4 0-12 0

Вчера играа: Израел – Македонија и Полска – Бугарија