Фото: Nestle Македонија

Nestlé одбележа 20 години присуство во Македонија, јубилеј кој компанијата го одбележа со свечен настан во Музејот на македонската борба.

Две децении по доаѓањето на македонскиот пазар, Nestlé својата приказна ја гради преку повеќе од 30 брендови и околу 350 производи, но и преку партнерства и активности насочени кон локалната заедница.

Од првите денови, компанијата работи во партнерство со својот овластен локален дистрибутер, со кој заеднички го гради присуството на Nestlé во земјава.

Денес, производите на компанијата се дел од секојдневието на македонските потрошувачи – од утринските ритуали, преку слатките производи, до производите кои се дел од семејната трпеза.

Посебно место во 20-годишната приказна има и партнерството меѓу брендот Maggi и Ракометната федерација на Македонија, преку кое компанијата ја поддржува националната ракометна традиција и спортскиот дух.

Покрај деловното работење, Nestlé во Македонија реализира и активности во поддршка на локалната заедница, меѓу кои донации на храна за Банката за храна на Македонија, поддршка на социјални претпријатија, како и донација на спортска опрема за училишта и градинки во Велес.

 – Она што го прави овој јубилеј посебен се луѓето. Овде, во срцето на Скопје, нашиот мал, но моќен тим од професионалци работи секој ден за да се осигура дека омилените светски брендови пристигнуваат до семејствата и до сите граѓани – изјави Богдан Новаковиќ, раководител на продажба во Nestlé Македонија.

Тој посочи дека локалниот тим, покрај следењето на глобалните трендови и иновации на Nestlé, ги следи и преференциите на македонските потрошувачи и соодветно го прилагодува продажното портфолио.

 – Nestlé е одговорен корпоративен чинител и пријател на македонското општество, и затоа ќе продолжиме да ги поддржуваме локалната заедница, цивилното општество, како и спортот и одржливоста – додаде Новаковиќ.

Посветеноста кон одржливоста, како што беше посочено, е дел и од секојдневното работење на локалната канцеларија. Вработените селектираат отпад, а во компанијата се користат и хибридни возила, во согласност со глобалните еколошки насоки на Nestlé.

За значењето на македонскиот пазар говореше и Џузепе Карела, раководител на пазарот за југоисточна Европа во Nestlé, кој нагласи дека земјава компанијата не ја гледа како мал пазар.

 – Некои можеби ја гледаат Македонија како мал пазар, но Nestlé не ја гледа така. Всушност, македонскиот пазар е еден од најбрзорастечките во регионот на југоисточна Европа. Забележавме дека семејните ручеци и љубовта кон ракометот тука се негувани ритуали и вредности, и токму во тој дух ги споивме жолто-црвените бои на нашиот бренд Maggi и македонското знаме – изјави Карела.

По две децении присуство на македонскиот пазар, од Nestlé велат дека нивната визија останува насочена кон квалитетот, одговорноста кон потрошувачите и партнерите и поддршката на заедницата.

Од компанијата најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со развојот на своето портфолио, поддршката на локалната заедница и активностите поврзани со одржливоста.