Фото: З.А.

Со црковно-народна свеченост и со присуство на голем број верници од селото и регионот, беше осветена црквата„ Света Варвара“ во Долно Добреноец. Чинот на осветување го изврши митрополитот Дебарско-Кичевски Г-дин Тимотеј со повеќе свештеници од кичевското архиерејско намесништво.

– Со присуство на голем број верници од селото  и градот Кичево, беше осветен црковниот храм „Света Варвара“ во Долно Добреноец, кој почна да се гради пред две децении. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Дебарско-Кичевски Г-дин Тимотеј во сослужение со повеќе свештеници од кичевското архиерејско намесништво – истакна еден од иницијаторите за изградба на овој храм Добре Никоски.

Тој потсети кој се учествувал во изградбата на овој  храм и обликување на неговата внатрешност.

– Фреско живописот на новоизградениот црковен храм го изврши ликовниот уметник од Кичево, Илче Ѓорески а иконостасот е дело на резбар од Битола по потекло од кичевскиот крај. Благодарение на несебичната помош на спонзори, помагатели и голем број верници црковниот храм е конечно завршен и осветен. За сите присутни на оваа свеченост беше организиран и заеднички  црковен ручек – додаде Никоски. З.А.