Фото: З.А.

ЈКП „Комуналец“ Кичево вчера почна со поставување на хоризонтална сигнализација на улицата „Борис Кидрич“, која во изминатиот период целосно е реконструирана. Поставени два слоја нов асфалт, нови рабници и тротоари со бекатон плочки. Првото хоризонтално обележување на оваа улица се одвива нешто побавно бидејќи линиите мора да бидат правилно извлечени, за сообраќајот да се одвива без потешкотии, потврдуваат од комуналното претпријатие.

– Наши вработени од вчера се ангажирани на поставување на нова хоризонтална сигнализација на реконструираната улица „Борис Кидрич“ во Кичево, со должина од 900 метри. Наша екипа трпеливо работи, најпрво на пешачките патеки со нешто поспор ритам, бидејќи првото обележувањето мора да биде најпрецизно изведено и секое наредно обележување ќе биде по истите линии кои сега ќе ги поставиме. Ако ни дозволи времето и нема врнежи од дожд претстојнит период, планираме во наредните десетина дена да извршиме целосно поставување на хоризонтална сигнализација, со што ќе се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот, а улицата ќе добие и неспоредливо поубав изглед – истакна Зенел Јонузи од ЈКП„ Комуналец“.

Тој наведе дека покрај поставување на хоризонтална сигнализација, пешачки патеки, испрекинати линии и паркинг места, ќе се пристапи и кон поставување на вертикална сигнализација со што овој зафат ќе биде целосно завршен. З.А.