Манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ утре го слави својот патрон Рождество на мајката божја или кај народот попозната како Мала Богородица.
Одбележувањето на овој ден го сочинуваат повеќе содржини а храмот по традиција и годинава ќе биде посетен од верници од речиси сите краишта во земјава.
– По повод патрониот празник на манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“, вечерва наспроти денот на Рождеството на мајката божја ќе биде отслужена вечерна богослужба во 18.30 часот. По вечерната богослужба ќе се отслужи Акатист на Пресвета Богородица Утре на самиот празник ќе биде отслужена утрена богослужба со почеток во 7,30 часот а Светата Архиерејска литургија ќе се одржи во 9 часот и со која ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско-Кичевски г-дин Тимотеј во сослужение со голем број свештенослужители од Бигорскиот манастир и Кичевското архиерејско намесништво – информира Бошко Сарафилоски, црковен активист.
За овој ден традиционално манастирот Пресвета Богородица – Пречиста е посетен од голем број верници од сите градови од земјава, кои при посетата палат свеќи се молат за здравје, го даруваат манастирот со разни подароци, а не мал број на верници манастирот го даруваат и со жив добиток.
Sекоја година на овој празник се избира кум на манастирот кој на храмот ќе му служи во наредните 12 месеци. Годининешен кум на манастирот е Саше Лазарески, верник од Кичево. Низ годините и вековите, бурна историја е поврзана за овој преубав верски храм со манастирска црква со најголеми димензии во земјава. З.А.