Фото: Игор Бансколиев

Градоначалничката Арсовска денес промовираше проект во општината Гази Баба кој беше поддржан од мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, а на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот, Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот, реагираа од партијата.

Арсовска: Не се плашам од никого, не ме интересира политика

-Поради криминогени зделки и неисполнување на ветеното на Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од нејзиното однесување и градоначалниците од партијата нема да присуствуваат на нејзините настани. Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје“, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска. Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.