Фото: Пиксабеј

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(46) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ соопшти МВР.

-На 12.01.2026 во правен субјект во Тетово, пријавениот измамил 49-годишник од тетовско. Имено, лицето се договорило пријавениот да му испорача мебел, по што му дал 3.550 евра, но мебелот не бил испорачан во договорениот рок, а му биле вратени само дел од уплатените пари – додаваат од МВР.