Фото:Зоран Антоски

Во големата сала од Центарот за култура во Кичево, утре во 19 часот, ќе се одржи концерт посветен на 25 годишнината од формирањето на КУД „Младост“, Кичево. На концертот ќе настапат повеќе групи играорци на друштвото, од поранешните играорци, првата и втората постава, а ќе се претстават и гости играорци и солисти, кои ќе го збогатат ова одбележување.

– На одбележувањето на 25 годишнината на КУД„ Младост“, Кичево, најпрво ќе настапат поранешните играорци кои ќе ги изведат орските сплетови, „Повардарие“, „Ѓурѓовден“ и „Комитско“. По нив следува настапот на првата постава кои ќе ги изведат орските сплетови „Малешевка“ и „Копачија“, а „Вардарки“ и „Раштак“ ќе ги изведе втората гарнитура на Младост. Гости на ова одбележување ќе бидат групата „Бели Мугри“ и солистите Мики Данилоски и Катерина Танеска. На сцената ќе се појават околу 30 поранешни и 40 сегашни играорци од сите генерации. Со овој концерт ќе ја заокружиме 25 годишнината од формирањето на друштвото низ кое во изминативе 25 години продефилирале над 700 играорци а друштвото одржало над 500 коцерти како во земјава така и во странство – истакна претсдателот на друштвото Зоран Јовески, кој очекува големата сала од Центарот за култура да биде во целост исполнета.

З.А