Општина Новаци преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави ново патничко моторно возило-комбe. Станува збор за комби марка „пежо” со (8+1) седишта.

Комбето е набавено во рамките на проектот „Унапредување на квалитетот на социјалните услуги на регионално ниво“ финансиран од програмата за регионален развој за 2020 година од страна на Бирото за рамномерен регионален развој и Министерство за локална самоуправа преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и буџет на општина Новаци. Вредноста на комбето е 1.652.000 денари.

Инаку претходно, во склоп на истиот проект беше набавен и испорачан минибус марка „исузу новоултра“ со (29+1) седишта во вредност од 6.646.940 денари.

Преку реализацијата на овој проект се обезбедени сите услови и капацитети за обезбедување на бесплатен превоз на учениците од општина Новаци, како и заштеда и поврат на инвестицијата. Исто така ќе се обезбедат и социјални услуги на граѓаните и општинската администрација. М.М.