Фото: Зоран Антоски

Претставници од боречката организација од Кичево и Дебар и на општината од родниот град, денес го посетија спомен-обележјето во село Премка, каде пред 76 години загинала една од најистакнатите партизанки, Ибе Паликуќа, која на 8 октомври 1953 година е прогласена за народен херој и е една од седумте патизанки кои го добиле ова признание.

По полагањето на свежо цвеќе на спомен-обележјето од страна на домаќините и гостите од родниот град Дебар, за животнио пат и хероството на на Ибе Паликуќа, краток осврт имаше претседателот на боречката организација од Кичево, Владо Дејаноски.

– Излишно е да се трошат зборови за храброста и херојството на оваа млада партизанка, која на само 17 години го загуби својот живот. Сите што ја познавале а со кои сум разговарал, имаат најпофални зборови и затоа спомените за оваа млада девојка никогаш нема да избледнат. Инаку Ибе Пликуќа е родена во Дебар во 1927 година а загинала во 1944 година кај село Премка, Кичевско, на само 17 години, во борбите за ослободување на Кичево – потсети Дејаноски.