По повод Светскиот ден на поезијата, членовите на Литературниот клуб „Китка“ од Кичево, во градската библиотека читаа дела и секој автор имаше можност да прочита по две свои творби. На ова литературно читање учествуваа локалните автори: Оливера Ширгоска, Мира Илијоска, Нашата Наумоска, Јован Миноски, Лидија Аврамоска и Алексо Тришоски.

– Денешното читање во градската библиотека во нашиот град го посветуваме на Светскиот ден на поезијата. Поезијата знае да изгради мостови помеѓу луѓето и да допре до сродните души кои ќе се пронајдат низ стиховите и убавата песна. Таа е духовен светилник во животот. Целта на овој настан е да се доближи читателската публика и да се мотивираат младите генерации да продолжат по истите патеки – рече Оливера Ширгоска од Литературниот клуб„ Китка“ од Кичево.