Традицијата востановена пред неколку години, за Светскиот ден на Ромите 8-ми април, на јарболот пред општинската зграда во Кичево да се вее и ромското знаме, годинава нема да се случи.

Проблемот се појавил откако претставниците на ромската заедница, вчера усно биле известени дека општината не може финансиски да го поддржи овој проект и како револт тие одлучиле ромското знаме да не го подигаат на јарболот пред локалната самоуправа.

– Ние пред подолг период доставивме програма и писмено барање до ЕЛС Кичево, финансиски да го поддржи одбележувањето на Светскиот ден на Ромите 8-ми април, а во рамките на ова оддбележување беше предвидено и подигање на нашето знаме пред општинската зграда. Од страна на претставник на општината, вчера бевме усно известени дека локалната самоуправа не е во можност да ни излезе во пресрет и финансиски да го поддржи нашето барање, одлучивме и нашето знаме да не го подигаме на јарболот пред општинската зграда, а оддбележувањето на овој ден ќе го направиме во нешто поскромна форма. Иналу од локалната самоуправа побаравме финансиска подршка во износ од 1000 евра – истакна Емин Мамудоски, претставник на ромската заедница од Кичево.

З.А.