Наскоро Битола ќе добие нова детска градинка. Новата детска градинка, која ќе биде прва приватна градинка во Битола. Таа наоѓа на излезот од Битола, на патот
за Охрид, пред месноста викано „Довлеџик“.

Новата детска градинка ја гради приватен инвеститор. Засега останува непознато кога официјално ќе биде отворена новата детска градинка и кога таа ќе ги прими
првите деца.

Интересно е што новата детска градинка во Битола се гради во моментот кога поради пандемијата од коронавирусот во Битола веќе се затвораат детските градинки. Инаку во Битола потребата од детски градинки е огромна.

Пред почетокот на пандемијата неколку стотини деца беа на листата на чекање да бидат примени во детските градинки. М.М.