Фото: „Нова Македонија“

Променливо облачно време со повремен локален дожд претпладне се очекува денеска низ земјава. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе биде засилен, повремено и силен.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат од 16 до 22 степена.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне 20 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, и во наредниот период се очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој на одделни места повремено ќе достигнува и силен интензитет.