Фото: МВР

Четворица возачи се повикани во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, откако на видеоснимка објавена во дел од медиумите се гледа како неколку возила го попречуваат сообраќајот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 11 октомври во полиција биле повикани Д.Г. (28), кој управувал автомобил „Ауди“, М.П. (25), кој управувал „БМВ“, Љ.Б. (48), кој управувал „Ауди“, и С.С. (23), кој управувал „Сузуки“. Сите возила биле со скопски регистарски ознаки.

Против четворицата возачи се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради сторен сообраќаен прекршок. Од МВР посочуваат дека тие ќе се соочат со законски предвидените глоби.