Фото: Игор Бансколиев

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.

Информацијата за МИА, ја потврди шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

– Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата – изјави Русковска.

Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот.