Управата за хидрометеоролошки работи за денеска издаде портокалов метеоаларм за целата територија на државата поради високите температури и засилениот ветер.
Времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, а максималната ќе достигне 33 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, и во текот на утрешниот ден времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност. Ќе продолжи да дува засилен северозападен ветер, кој долж Повардарието повторно ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
До крајот на новата работна седмица се очекува претежно стабилно, сончево и топло време, со мала локална облачност во текот на денот. Од вторник ветерот ќе го промени правецот и ќе дува од југоисток.
































