Фото: Игор Бансколиев

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас денеска беше пречекан пред Министертвото за надворешни работи од група граѓани кои го изразија својот револт против преговирите кои се водат за името.

Тие јасно го изразија својот ставот дека не смее да се преговара за промена на името на Р. Македонија и испратија јасна порака до македонските политичари дека сите преговори за името со Грција треба да бидат прекинати.

Во тек е средбата помеѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Коѕијас.

За време на престојот во Македонија Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и од заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Шефот на грчката дипломатија вчера со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.