Фото: Макфакс

Портпаролите на Владата Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 42. седница на Владата на Македонија.

На медиумскиот интерес кога ќе се отвори македонски клуб во Благоевград, што го најави премиерот Димитар Ковачевски, портпаролите информираа дека премиерот најави оти планира директно да го информира колегата Петков дека Владата на Македонија во текот на оваа година има намера да отвори нов културен центар во Благоевград, а името на центарот ќе биде определено во комуникација со Институтот за историја.