Фото: МНР на Бугарија

Амбасадорката на Македонија во Софија, Агнеса Руси-Поповска, е повикана поради неодамнешните јавни коментари и невистинити тврдења во врска со Бугарија дадени од македонски политичари, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија, а пренесува бугарската новинска агенција БTA.

– Министерството за надворешни работи цврсто се противи на обидот Бугарија и билатералните врски повторно да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања – соопшти бугарското МНР, додавајќи дека „Бугарија постојано одржува конструктивен дијалог и се воздржува од коментари за постојаните провокации во јавниот простор на Македонија“.

Од Софија ги повикаа политичарите во Македонија да дадат конструктивен придонес во спроведувањето на обврските во рамки на компромисот постигнат во 2022 година, како и на строго почитување на Договорот за пријателство од 2017 година.