Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска имал средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов и со претседателството на синдикатите. На средбата, како што објави СДСМ, се разговарало за актуелните состојби во врска со пресудата на Врховен суд со која објектот на ССМ премина во сопственост на државата.

Ковачевски бил дециден дека е на страната на работниците, на страната на синдикатите и дека цврсто стои во одбрана на нивните интереси.

– Заштитата на правата на работниците, почитувањето и вреднувањето на нивниот труд е столб на социјалдемократијата. СДСМ нема да дозволи урбанистичко дивеење или уништување на синдикалното движење, кое е основа на прогресивните процеси во државата. Никој да не си замислува дека ќе биде поинаку и ќе може да си поигрува со синдикатот. Да се тргнат рацете од ССМ, ќе помогнеме да се најде најдобро решение и нема да дозволиме такво нешто – рече Ковачевски, a соопшти СДСМ.