Фото: ДУИ

Митингот на ДУИ е потврда дека партискиот огранок во Чаир е позади лидерот Али Ахмети, а не позади Артан Груби, ниту позади Изет Меџити, истакна вицепремиерот Артан Груби во „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, нагласувајќи дека имале активности во огранокот во Чаир во изминатиот месец и пол.

Груби призна дека има несогласувања во ДУИ, а даде и објаснување за изјавата на Ахмети за ураганот.

– На крајот од мојот говор реков дека има светло на крајот на тунерот, но можеби тоа може да значи дека доаѓа друг воз, а господинот Али Ахмети рече дека не сме воз, туку сме ураган којшто носи се пред себе, во однос на луѓето, на победите – посочи Груби.

Вицепремиерот истакна и дека се прават напори за да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени.

– Работиме на тоа ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Ако ВМРО-ДПМНЕ е определена за европска Македонија, тогаш ќе се придружи на уставните измени – кажа Груби.