фото: Фејсбук

Програмата ќе се базира на социјал-демократски вредности, фер шанса за сите кадри што ги исполнуваат професионалните услови за да бидат назначени на институционално ниво. Меѓутоа и отворање на партијата кон сите оние може да допринесат со својата активност во зајакнување на партијата и нејзиното работење, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пред денешниот Централен одбор на партијата.
Тој вели дека никогаш не ги дели кадрите на стари и нови туку на оние што допринеле повеќе или помалку во развојот и градењето на партијата.

– Ќе предложам Извршен одбор во кој ќе бидат застапени 50 отсто жени, 50 отсто мажи за да се запази родовата еднаквост за која се залага СДСМ. 33 отсто ќе бидат млади и ќе бидат запазени сите плански региони во државата да бидат застапени во Извршниот одбор. Партијата е обединета бидејќи имаме 120 членови на ЦО, денес ќе имаме уште 10 нови членови и заедно со општинските организации СДСМ преставува најсилна и најголема партија во државата – вели Ковачевски.