Фото: Влада

Ковачевски пристигна во штабот на СДСМ каде во вечерва ќе се одржи состанок на извршниот одбор и рече дека денеска ќе биде потврдена неговата одлука – координаторот на пратеничката група, Јован Митревски, да седне во фотелјата на Талат Џафери. На прашањето дали би поддржал претседател Албанец од ДУИ, како што вчера најави Османи, премиерот рече дека нема никаква дилема оти кандиндатот за претседател ќе биде од СДСМ.

– Сите политички партии имаат свои амбиции, меѓутоа претседателскиот кандидат ќе биде од СДСМ, како што беше на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци итн. Тоа ќе биде претседателот на државата и во следниот мандат – рече премиерот.

Во врска со дилемите околу тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи свои членови во техничката влада, Ковачевски верува дека опозицијата ќе го стори тоа бидејќи така се договорила на лидерската средба.