Фото: Игор Бансколиев

На македонската јавност ѝ е повеќе од познато дека уставните измени за „внесување на Бугарите како конститутивен елемент во преамбулата на Уставот претставуваат практично влез во спиралата за негирање на македонскиот национален идентитет низ преговарачкиот процес со ЕУ“. Така што ставот на Османи за правење „историска грешка со евроинтеграциите“ за Македонците е особено двосмислен и повеќе меч со две сечила. Некои соговорници алегорично ни одговараат со коментар дека ако постои историска грешка, таа би била исклучиво на Брисел, затоа што со инсистирањето на „францускиот предлог“ токму ЕУ грубо ги загрозува македонскиот народ, идентитет, култура, историја, јазик…

Обраќања на министерот за надворешни работи Бујар Османи што оставаат простор за различни толкувања и конфузија

Според едно неодамнешно обраќање на министерот за надворешни работи Бујар Османи, на дебата со студентите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), на темата „Дали го пропуштаме возот за ЕУ?“, тој нагласил дека „уставните амандмани се од суштинско значење за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, но и избегнување на вклучувањето идентитетски и историски прашања во текот на овој процес. Во таков контекст, прекинувањето на нашите евроинтеграции е историска грешка, која не смееме да си ја дозволиме во овој миг“.

Историска грешка, но чија?

На македонската јавност ѝ е повеќе од познато дека уставните измени за „внесување на Бугарите како конститутивен елемент во преамбулата на Уставот претставуваат практично влез во спиралата за негирање на македонскиот национален идентитет низ преговарачкиот процес со ЕУ“. Така што ставот на Османи за правење „историска грешка со евроинтеграциите“ за Македонците е особено двосмислен или повеќе меч со две сечила. Некои соговорници алегорично ни одговараат со коментар дека ако постои историска грешка, таа би била исклучиво на Брисел, затоа што со инсистирањето на „францускиот предлог“ грубо ги загрозува македонскиот народ, идентитет, култура, историја, јазик…
Сепак, во своето излагање, Османи изразил уверување дека процесот на пристапување кон ЕУ треба да се заснова на меритократија, но треба да има и достатно разбирање за актуелниот геополитички момент.
– Членка на ЕУ станувате кога ќе ги исполните условите, но во одредени геополитички моменти. Ако сте ги исполниле условите, но не е вистинскиот геополитички момент, тогаш вратата е затворена. Железната врата на ЕУ сега се отвора поради руската агресија во Украина. Ќе влезат земјите што се подготвени – потенцирал Османи.
Во друга пригода, но исто така во контекст на уставните измени, Османи кажал дека ЕУ премолчено ќе го подели регионот на Западен Балкан на две групи.
– Не може ЕУ да ѝ даде порака на Украина без да даде порака во Западен Балкан, затоа што ќе го загуби кредибилитетот. Регионот ќе се дели на две групи: земји со отворени прашања, кои не можат формално да добијат шанса за брза лента, и земји што може да си добијат. Македонија, Албанија и Црна Гора засега се во втората група. И ги имате БИХ, Србија и Косово во првата група, поради отворените прашања, и тие не може да добијат шанса. Наредните месеци може да преминеме во групата на земјите со отворени прашања и односот да биде 2-4. Можно е ние да влеземе во групата земји со отворени прашања и тогаш оние експерти што велат дека ние сме го билатерализирале процесот ќе сфатат што е билатерализација. ЕУ ќе ни каже да го решиме прашањето со Бугарија, како што Србија ќе го реши Косово или Косово со Србија, или БИХ со Република Српска… влегуваме во таа група. Е, таа услуга ѝ ја прави на државата оваа неразумна политика на опозицијата. Додека имаме шанси следните месеци да влеземе во оваа брза патека со Албанија и со Црна Гора – рече Османи.

Јавноста не смее да добива двосмислени или манипулативни пораки од носителите на јавната власт

Според познавачите на геополитичките процеси, ваквите гледишта на министерот за надворешни работи на Македонија можеби имаат призвук на вистинитост, но се користат на манипулативен начин.
– Министерот Османи си игра мајтап со народот, иако е факт дека војната во Украина сепак го врати интересот на Брисел кон Балканот. За жал, ништо од тоа не носи суштински промени, бидејќи Унијата е длабоко заглавена во своите проблеми и вистинско проширување уште долго нема да има. Исклучок може да биде само Црна Гора, во обид да го залажат светот. Така ќе биде дури и да се случи мало чудо и да се преземе некој конкретен чекор кон Украина, на самитот на ЕУ во декември, иако тоа нема воопшто ништо да значи, ниту за Балканот ниту за самата Украина. Крајно време е Османи да му ја предочи вистината на народот и да не игра по секоја цена на албанската карта, на сметка на Македонците – вели поранешниот македонски дипломат Ристо Никовски.