Фото: ЕПА

Според најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Таџикистан годинава ќе оствари најголем раст на БДП од 7,5 отсто, Узбекистан 6,5 отсто, Казахстан ќе оствари раст од пет отсто и Киргистан од 4,6 отсто.
На ваквата економска преродба на централноазиските земји влијаат неколку фактори. Најпрво, повторното отворање на Кина по пандемијата е силниот импулс за централноазиските економии. Потоа, на економскиот раст влијаеле и новите меѓународни односи, кои се случија по ескалацијата на судирот на релацијата Москва – Киев

Извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за тоа како санкциите над Русија влијаат на соседните централноазиски економии

Според најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), земјите од Централна Азија забележале вртоглав економски раст во првата половина на 2023 година, кога другите економии во светот поминуваат низ тежок период поради војната во Украина, поради продолженото влијание на пандемијата на ковид и поради последиците од климатските промени.

Неколкуте фактори за процут на економиите на централноазиските држави

Според најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Таџикистан годинава ќе оствари најголем раст на БДП од 7,5 отсто, Узбекистан 6,5 отсто, Казахстан ќе оствари раст од пет отсто и од Киргистан 4,6 отсто.
На ваквата економска „преродба“ на централноазиските земји влијаат неколку фактори. Но покрај повторното отворање на Кина по пандемијата, на економскиот раст влијаеле и новите меѓународни односи, кои се случија по ескалацијата на судирот на релацијата Москва – Киев, смета Ана Матвеева од Институтот за Русија на Кралскиот колеџ.
– Многу граѓани на Русија и Белорусија ги преселија своите пари и бизниси во Централна Азија, во обид да ги избегнат западните санкции – изјави таа за „Еуроњуз“, додавајќи дека тие ги зголемиле потрошувачката и побарувачката за софистицирани услуги.
Руските компании се преселија, особено во Казахстан и Киргистан, поради нивната географска близина и културните врски, што ги олеснува бизнис-релациите. Значаен импулс во меѓусебната економска размена, како што објаснува Матвеева, е членството на споменатите земји во Евроазиската економска унија со Русија, Белорусија и со Ерменија. Овие договори ја олеснија економската интеграција преку заеднички пазари, усогласена регулатива и зони за слободна трговија.
– Луѓето го претпочитаат изборот да заминат во Западна Европа или во САД. Но да се биде во Централна Азија има некои предности. Една од нив е дека луѓето можат да дојдат и повторно да заминат. Тие не мора нужно да донесат одлука за трајно емигрирање – вели Ана Матвеева.
Дополнително, миграцијата на работниците од регионот во Русија, исто така, го поттикна економскиот раст бидејќи тие ги враќаат парите во матичните земји, се вели во септемврискиот извештај на ЕБОР. Овој прилив на пари значително го компензира егзодусот на работоспособното население во Централна Азија, при што милиони луѓе имаат тенденција да работат во нископлатени сектори на руската економија, како што се градежништвото, земјоделството и угостителството.

Некои експертски забелешки за начинот на кој се остварува економскиот раст на централноазиските земји

Од друга страна, некои експерти ги изнесуваат своите забелешки за начинот на кој се остварува економскиот раст, а тие се однесуваат на тоа дека земјите од Централна Азија ѝ помагаат на Русија да ги избегне санкциите наметнати од Западот. Обвинувањата се однесуваат на тоа дека санкционираните западни производи и стоки се увезуваат во трети земји, како што се Казахстан и Индија, а потоа се реизвезуваат во Русија.
Податоците од „Бригел“, независен европски аналитички центар, покажуваат дека увозот на санкционирани западни стоки во Казахстан масовно се зголемил по руско-украинскиот конфликт. На оваа листа се наоѓаат електрични машини и делови, инструменти, апарати и транспортна опрема. Помеѓу јануари и октомври 2022 година, казахстанските компании извезоа електроника и мобилни телефони во Русија за над 549 милиони евра, 18 пати повеќе од истиот период од 2021 година, според податоците од Централноазиското биро за аналитичко известување.
Сепак, таквата трговија не е непозната во минатото, за време на Студената војна кога тогашниот СССР поминуваше низ слично економско ембарго од Западот.
Ана Матвеева од Институтот за Русија на Кралскиот колеџ објаснува дека Москва има „други начини на работа наспроти санкциите“, а во тоа се вклучени и многу земји низ светот, вклучувајќи ги и оние во Европа.
– Санкциите генерално се сметаат за мошне неефикасни и сосема бесмислени за земјите од Централна Азија. Тоа не значи дека на сите им се допаѓа она што Русија го прави во Украина. Но одговорот на Западот не се смета за соодветен – вели таа.