Голем интерес за индустриската и економската соработка Кина – Македонија

Продолжуваат свечените настани со кои се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Македонија. Во тие рамки, а со цел унапредување на билатералната економска и трговска соработка и културна размена меѓу двете земји, кинеската амбасада во Македонија одржа прием на темата „Индустриска и економска соработка Кина – Македонија“.
На приемот присуствуваа 260 претставници од повеќе од 200 претпријатија и бизнис-асоцијации.