Фото: Макфакс

Движењето Беса, врз основа на одредбите од член 130 од Уставот на Македонија, бара од Владата во текот на составувањето на нацрт-верзијата на уставните измени, која ќе биде испратена за расправа до Собранието, да направи измени и на петтиот амандман, покрај измената на уставната преамбула.

1. Амандманот 5, точка 1, став 1 од Уставот да се формулира во оваа форма: на целата територија на Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.

2. Другите ставови од амандманот 5 треба да се прилагодат според став 1.

– Движењето Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на Уставот, но ние инсистираме да се смени амандманот 5 од Уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија. Убедени сме дека преку корекција, појаснување и интервенциите во членовите предложени погоре, значително ќе се поправи Уставот. Значи, со овие интервенции, не само што ќе се зајакне мултиетничкиот и социјалниот карактер на државата, туку истовремено ќе се овозможи ефикасно функционирање на државните институции, што е многу важно за земја-членка на НАТО и на држава која има за цел да биде дел од ЕУ – се вели во соопштението на партијата.

Министерството за правда соопшти дека сите барања во врска со уставните измени, ќе бидат предложени и разгледани на работната група која наскоро ќе биде формирана, а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и Беса.