Претседателот на Претседатело на Република Македонија, Талат Џафери, вели дека Законот за употреба на јазиците ќе го прати до „Службен весник на РМ“ кога ќе процени дека е соодветно време, но не прецизира кога би можело да се случи тоа.
– Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на Законот за јазиците, сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати законот до „Службен весник“, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се изјаснат по однос на текстот на законот, односно за оние укажувања и дилеми што се искажаа во јавноста – истакнува Џафери во интервјуто на Радио Слободна Европа.
Џафери не сака да ги коментира гласините дека ДУИ калкулира со Законот за јазици и игра топло-ладно за во случај на предвремени парламентарни избори, кои се во игра со претседателските, да го извади повторно и да го направи тема.

– Не би сакал да го коментирам тоа што вие го забележувате. Сметам дека тоа не е став и калкулирање на ДУИ и на која било од политичките партии, затоа што законот е веќе донесен вторпат и нема каква калкулација да се направи во однос на тоа – вели Џафери во интервјуто за Радио Слободна Европа.