Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на вечерашната прес-конференција истакна дека партијата влегува во трка за составување на мнозинство за нова влада.

– ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување на мнозинство за нова влада, затоа што постојната влада е истрошена и време е за промени – потенцира Јанушев.

Тој додаде дека трката уште е неизвесна и оти ќе почекаат до утринава за да ги видат конечните резултати.