Со 26 гласа „за“ Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на Советот на Град Скопје.

За Славески гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса за Албанците/Алтернатива, како и двајцата советници на коалицијата ЛДП ДОМ.

Новиот претседател порача дека Советот е составен од квалитетни професионалници и ќе мора да работи за да ги подобри условите за житвот на сите граѓани на Скопје.

Славески додаде дека Советот ќе дава поддршка на градоначалничката Данела Арсовска, но истовремено ќе ја контролира нејзината работа и работата на јавните претпријатија и институции во надлежност на Град Скопје.

Конститутивната седница се одржа во МКЦ, кино „Фросина“, а се верификуваа мандатите на новите 45 советници. Градоначалничката Данела Арсовска им посака успешна работа во следните четири години.