Пратеничката Гордана Силјаноска-Давкова на почеткот на конститутивната седница во Собранието побара доколку Талат Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Таа во нејзиното излагање му рече на Џафери и дека раѓањето на внукот не било причина да се одложи на седницата.

Претседавачот треба да води сметка за Деловникот, вели Силјановска и додава дека тој не е ексклузивен во диктирање на условите.

– Не може претседателот седниците да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за одложување на Собрание – му рече Силјаноска-Давкова на Џафери.

Џафери пак одговори дека официјално седница не била закажана.

Собранието денеска ја продолжи конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом, кој се избира со 61 глас.