Пратениците се вратија во салата „Македонија“ каде што од денеска повторно ќе се одржуваат пенарните собраниски седници по неколкумесечна работа во Големата сала.

Пленарните седници ќе се одржуваат според протоколот одобрен од Комисијата за заразни болести, со што повторно ќе има можност за електронско гласање, наместо гласовите да се бројат рачно.

Денеска ќе се одржи 43-та седница на чиј дневен ред се 55 точки, меѓу кои се назначувањето на членови на институции, закони по скратена постапка во прво и второ читање, две интерпелации, ратификации на договори…