Талат Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието, со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме”, ДУИ и ДПА, што укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и ДУИ за формирање на владина коалиција.

Претходно имаше координација на пратеничките групи со Џафери за текот на седницата, а координации имаа и пратеничките групи. ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше своја координација на која присуствуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ побара седницата да ја води некој од замениците, доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието.