Двете највисоки тела на ВМРО-ДПМНЕ попладнево одржуваат седници на кои расправаат за актуелната политичка состојба во земјава, претседателските избори и барањето за одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Седницата на Извршниот комитет веќе заврши, а во моментов се одржува седницата на Централниот комитет.

Седниците на највисоките партиски тела доаѓаат по завчерашната одлука на Централниот одбор на владејачката СДСМ конечниот став околу евентуалните предвремени парламентарни избори да го соопшти во текот на идната недела. Централниот одбор на СДСМ го овласти највисокото партиско раководство да донесе одлука дали заедно со претседателските ќе се организираат и предвремени парламентарни избори, а конечната одлука за нивниот кандидат за претседател на државата да се донесе на конгресот што ќе се одржи на 3 март.

За претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се уште трае огласот што е отворен до крајот на месецов, а тој, според најавите, ќе се избере на конвенцијата што ќе се одржи на 16 февруари во Струга.