Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи објави дека попладнево имал лесна хируршка интервенција, иако во објавата не прецизира за што конкретно станува збор. Тој посочува дека по 45-минутната интервенција се чувствува одлично, а во рамки на објавата постави и фотографии на кои е на болнички кревет.

– Динамичен ден. Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… После 45 минути лесна хируршка интервенција, се чувствувам одлично – посочува Мицкоски во објавата во која изразува и благодарност до медицинскиот персонал.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека станува збор за зафат кој бил закажан пред изборната кампањата, но како што вели, го одолговлекувал поради кампањата, па денес дошол редот.