Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Бања Лука негираше дека Русија се меша во исходот на референдумот за името во Македонија, јави новинската агенција ФЕНА.

– Русија со ништо не се обидела да влијае на исходот на референдумот за името во Македонија, додека пак гледаме како бројни европски и американски функционери навиваат за исходот на референдумот, изјави Лавров.

На средбите со претседателот на Република Српска, Милорад Додик и со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, Лавров рече Русија е против наметнувањето на „вештачки избор“ пред балканските држави, кои се принудуваат да се изјаснат дали се „со Запад или со Русите“.