Kim Mehmeti

Политичкиот аналитичар Ким Мехмети во интервју за бугарскиот медиум „БГНЕС“ рече дека еден од големите проблеми на Македонија е што стана земја во која државните институции не работат за граѓаните, туку за владејачките партии. Тој смета дека политичките партии во Македонија станаа трговски фирми.

– Партиите во Македонија станаа трговски фирми: Јас ќе ти дадам ова, ти дај ми она. Дај ми шанса да добијам лична корист од овде, и јас ќе ти дадам шанса. А каде е државата?! Никаде. Македонија скапува внатре. Однадвор остана сјај, изгледа солидно поради НАТО, но внатре нема ништо, празно е. НАТО гарантира одредена безбедност за земјата, но како ќе ги изградите односите меѓу вашите граѓани внатре зависи од вас – нагласува Мехмети.

Доколку Македонците и Албанците не го надминат етничкиот интерес и не стекнат чувство за државен интерес, тогаш немаме држава, заклучува Мехмети во интервјуто за „БГНЕС“.