Bугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов истакна дека Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекува дел од заедничката историја, коментирајќи ги вчерашните разговори на делегациите на Македонија и Бугарија во Софија, во рамки на самитот на земјите од Берлинскиот процес, на кој копретседаваа премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.

– Објаснивме дека не можеме да правиме компромис за прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја – изјави Каракачанов, по откривањето на споменик на Гоце Делчев во Самоков.