Европската комисија нема да се меша во издавањето на бугарски пасоши за македонските државјани, за кое смета дека е внатрешна работа, и покрај тоа што го застапува ставот дека ниедна членка на ЕУ не смее да се плетка во внатрешната политика на други држави.

Портпаролската служба на Европската комисија, во одговор за МИА наведе дека при ваквата практика станува збор за билатерално прашање, додека Комисијата има регулации единствено за издавањето на државјанство за инвеститори што се без вистинска поврзаност со државата чиј пасош добиваат.