Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев на министрите денеска ќе им предаде мандатни писма со утврдена мисија и задачи за новиот мандат на Владата, соопштија од владината прес-служба.

Мандатните писма ќе бидат врачени на почетокот на втората владина седница која е закажана за 13 часот.

Се очекуваат и промени во деловникот за работа за да се прецизира дека ќе има прв заменик, според најавите на Заев.