Прашањето за државјанство и одблокирањето на работата на Собранието ќе бидат главни теми на средбата која се очекува денеска меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Зијадин Села и Африм Гаши.

Заев е при став дека нема да се добие државјанство со сведоци, туку со документ со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија, како што истакна лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во изјава за Радио Слободна Европа.

Се предвидува дека како доказ би можеле да важат ученичките, здравствените, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, платени сметки, докази за поседување имот, потврда за платен данок, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази со кои се потврдува постојаното живеење на територијата на Македонија.

Се очекува решавањето на прашањето на државјанство да придонесе за деблокирање на Собранието од бројните амандмани кои ги достави коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива.