Демократската Унија за Интеграција го поздравува постигнатиот консензус денеска после интензивните консултации помеѓу политичките партии за одржувањето на изборите.

Од ДУИ велат дека консензусот, јавното здравје и избегнување на длабоката политичка криза бил нивниот конзистентен став, затоа што одржувањето на изборите без консензус ќе ја влошело ситуацијата до недоглед.

– Консензусот е нашето базично начело на функционирање на нашето мултиетничко општество затоа што го избегнува надгласувањето и маргинализацијата, додека во овој случај помага и во спречување на политичката криза – велат од ДУИ.

Од партијата ги повикуваат државните институции да ги подготват сите протоколи за максимална заштита на здравјето на граѓаните за време на изборната кампања, а политичките партии доследно да ги почитуваат.

Демократската Унија за Интеграција изразува благодарност до меѓународните партнери за, како што велат, нивниот конструктивен ангажман за време на постигнувањето на консензусот.