Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија.

– Нели се преговараше само португалскиот предлог? Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани. Дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата. –

Според ВМРО-ДПМНЕ Зоране Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија. Во соопштението до јавноста исто така се истакнува дека останува отворено прашањето за петте историски личности за кои македонскиот премиер тврди дека има согласност во мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања.

– Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе – се вели во соопштението на Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ