Сметам дека наскоро ќе добиеме нова влада, повторно предводена од Зоран Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри, истакна денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи, додавајќи дека е потребна одредена промена на кадрите и оти ќе се преговара со коалициските партнери.

– Сите во владејачкото мнозинство изгубија. Пораката од народот беше јасна – овој курс на локално ниво не е доволен. Секој разумен политичар ќе се преиспита после ова – истакна вицепремиерот за економија, велејќи дека Владата функционира нормално, додека работата на сите институции е сведена на минимум.

СДСМ во повеќе наврати најави зголемување на парламентарното мнозинство, додека движењето БЕСА најави дека се повлекува од Владата, по собраниската седница на која требаше да се гласа за доверба на Владата