Фото: МНР

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги отфрли како лаги и невистини обвинувањата од опозицијата која бара негова оставка бидејќи на прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи не го користел македонскиот јазик како официјален јазик на државата.

– ВМРО-ДПМНЕ се повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое не ги почитува ни своите поддржувачи кога на светите празници изнесува лаги и и невистини, а уште помалку останатите граѓани кои постојано ги навредува и омаловажува ширејќи етничка омраза и нетрпеливост – напиша Османи на неговата официјална фејсбук страница.

На фејсбук статусот е закачен и линк од прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи.

Претходно, со став излезе и Министерството за надворешни работи.

Демант на МНР на прес-конференцијата на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Митева