Обединетата македонска дијаспора (ОМД) упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, потсетувајќи на историското значење на овој датум и на жртвата на борците за слобода.
Во честитката од ОМД се наведува дека на 11 Октомври 1941 година „храбрите синови и ќерки на Македонија се кренаа против фашистичката окупација, водени од непоколебливата верба во слободата, достоинството и правото на сопствена иднина“.
Од организацијата порачаа дека слободата не била дадена, туку изборена со големи жртви и единство.
„Нивната храброст и пожртвуваност нè потсетуваат дека слободата никогаш не била подарена, туку изборена со решителност, единство и огромни жртви“, стои во честитката.
ОМД нагласува дека денес, 85 години подоцна, останува обврската за зачувување на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.
– Нашата должност е да го зачуваме она за кое тие се бореа – нашиот македонски идентитет, јазик, култура, историја и правото гордо да се нарекуваме Македонци – порачаа од ОМД.
Од Обединетата македонска дијаспора истакнуваат дека оваа одговорност не познава граници и дека продолжуваат да работат на поврзување на македонските заедници ширум светот.
– Најголемата почит кон минатото ја покажуваме преку нашите дела денес – се наведува во честитката по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.































