Фото: Принтскрин

Бугарската фондација „Македонија“ поврзана со контроверзниот Виктор Стојанов објави повик на Фејсбук во кој бара македонските граѓани да го променат презимето на „ов“ или „ев“ за што ќе добијат 300 евра.
Ова е нова провокација, која се толкува и како обид за бугарска асимилација.

„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“, пишува Стојанов во објавата.

Објавата на Стојанов предизвика остри критики на македонските граѓани.

Виктор Стојанов е претседател на бугарската фондација „Македонија“ која во македонската јавност важи за организација со негаторски ставови кон Македонија и македонскиот народ и историја.
Стојанов, кој е активен на социјалните мрежи, пред десетина дена изрази револт што му бил забранет влез во Македонија на неодредено време.